5.8 C
Скопје
03:36 - 31 март, 2026

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Српскиот јутјубер Бојан Симоновиќ, познат под прекарот Сими, рано утрово доживеал тешка сообраќајна несреќа во Нови Сад, во која целосно бил уништен неговиот луксузен автомобил.

Според информациите објавени од српските медиуми, несреќата се случила околу 4 часот наутро на Булеварот на ослободувањето, кога, како што се сомнева, Симоновиќ изгубил контрола над возилото – „BMW M4 CS“, чија вредност се проценува на околу 200.000 евра.

Од силината на ударот автомобилот бил целосно смачкан, а делови од возилото биле расфрлани по коловозот. Според неофицијалните наводи, по губењето контрола, тој удрил во повеќе паркирани возила на улицата.

И покрај сериозната материјална штета и фактот што автомобилот е речиси непрепознатлив, во несреќата нема повредени лица.

Засега нема официјални информации за причините за инцидентот, а надлежните органи ја утврдуваат целосната околност под кои се случила сообраќајката.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....