08:38 - 8 април, 2026

Познатата српска пејачка стана мајка на 52 години: „Се борев до крај“

Пејачката Сања Малетиќ по долга борба за потомство се породи на 52-годишна возраст.

Пејачката не криеше дека се свртела кон опцијата ин витро за да стане мајка. Таа и нејзиниот сопруг во неколку наврати оделе на ин витро оплодување, но досега тоа било неуспешно.

Пејачката еднаш изјави дека е подготвена за патување во Прага, но се откажала во последен момент поради здравствен проблем. Имено, Сања боледува од болеста Хашимото (автоимуна болест каде клетките на имунолошкиот систем го напаѓаат и уништуваат ткивото на тироидната жлезда), што ја спречува да прави многу работи, приватни и деловни.

„Се додека дишам, се додека има некаква шанса од Бога и природата, тука сум и нема да се откажам. Јас и мојот сопруг се обидовме неколку пати, не успеа. Во денешно време животот е брз, човек нема време да плаче и да се разболи кога ќе се врати дома од болница, туку веднаш мора да продолжи понатаму и да заврши други работи, други обврски“, изјави таа во една прилика за медиумите.

Слични објави

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо

Хрватската пејачка Лана Јуричевиќ повторно стана мајка: „Ни пристигна најслаткото велигденско пиле“

Еспресо

Изјавата на Дивна за бракот на Карлеуша и Душко Тошиќ повторно е главна тема во јавноста

E.A.

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

E.A.

(Видео) Весна Змијанац во невидено издание – пие, пуши и седи за време на настап!

Еспресо
Се вчитува....