04:45 - 6 април, 2026

Постои вечна љубов: Јована од „Сител“ се отвори за бракот

Јована Стојменовиќ се отвори за бракот со својот партнер за кој инаку многу малку зборува во јавноста.

Поточно, убавата новинарка и водителка од ТВ „Сител“ раскажа зошто таа и саканиот со кој е долги години сѐ уште не се официјално во брак.

-И најдобро ништо да не се знае! На крајот на краиштата нели…, „никогаш и не се знае“ како ќе се одвиваат нештата. Се шегувам, статусот ми е непроменето добар, а она што е добро, не се менува- рече Јована во една прилика за „Слободен печат“.

-Она што искрено го почитувам е одлуката на еден пар да живее онака како што ним им одговара. Сите имаме некоја своја визија за партнерство и таа не треба да се темели на она што ќе го каже некој од страна, туку на она што човек го чувствува.

Гаранции нема за ништо. А она што е сигурно е дека човекот има исконска потреба да сака и да биде сакан. И да, постои вечна љубов. Кој може да ви забрани да сакате некого засекогаш? – додаде водителката.

Јована со партнерот Фото / Инстаграм

На една од поактуелните нејзини објави на Инстаграм, таа е сликана со Лила Филиповска и со нејзината сестра на вечерно излегување, а сликата ја опишача како „Лончиња и капачиња“.

Фото / Инстаграм

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....