15.8 C
Скопје
13:01 - 10 март, 2026

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Јавноста ја познава Јована Јоциќ како поранешна сопруга на Владан Савиќ и некогашна девојка на Саша Ковачевиќ, но таа сега за првпат јавно проговори за тежок период од својот живот.

Во гостување во „Поткаст у пиџамама“, Јоциќ откри дека со години молчела за семејното и врсничкото насилство што го доживеала.

„Молчев со години“, изјавила таа, додавајќи дека по преселбата од Јагодина во Белград, каде што работела како стјуардеса, се соочила со сериозни трауми.

Таа признала дека последиците од насилството биле толку силни што ноќе не можела да спие.

Јована неодамна повторно се најде во фокусот на медиумите откако присуствуваше на концерт на Владан Савиќ, фронтменот на бендот „Магла бенд“, каде што беше во првиот ред.

„Секако дека сум возбудена, тоа е таткото на Анѓа. Ние сме во контакт цело време. Анѓа е пресреќна, постојано зборува дека едвај чека, можеби и ќе запее со тато“, изјавила Јоциќ за српските медиуми.

Таа истакнала дека останала во одлични односи со родителите на поранешниот сопруг, нагласувајќи дека заедничката цел им е нивната ќерка да биде среќна.

По неа, се огласила и мајката на Владан Савиќ, која емотивно зборувала за својот син.

„Сè што тој преживува, го преживувам и јас. Тој е добар човек, тоа ми е најважно. Постојано му велам да не заборави кој е, од каде потекнува и кои му се родителите. Емоциите се толку силни што не знам каде е лево. Се трудам да не заплачам. Него го носат емоциите, а музиката му е живот“, изјавила таа.

Слични објави

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin

(Фото) Ова е зетот на Жељко Самарџиќ, му правеше друшвтво на посебен настан

msp-admin

Синот на Брена „летал“ со повеќе од 300 километри на час, па се пофали на социјалните мрежи

E.A.

Љубовта умре но нова пак ќе се роди: Емотивна приказна на Елена Велевска

msp-admin
Се вчитува....