5.8 C
Скопје
05:36 - 22 март, 2026

Популарниот рапер МФ Дум ненадејно почина на 50-годишна возраст: За смртта молчеле два месеца!

Даниел Думиле, попознат во музичкиот свет како рапер и продуцент МФ Дум (MF Doom), почина ненадејно на 50-годишна возраст. Хип хоп гигантот починал уште на 31 октомври, а веста ја потврдиле во последните часови од 2020 година неговата сопруга и издавачката куќа, со што шокираа многу негови обожаватели. Причината за смртта на славниот музичар не е објавена, а многумина се изненадени што оваа информација се чува два месеца.

МФ Дум е роден во 1971 година во Велика Британија, но уште како дете се преселил во Њујорк, град кој што видливо ја обележа неговата музичка кариера. На почетокот на 90-тите настапуваше под псевдонимот Зев Лов Икс, како дел од К.М.Д. трио, но се проби и стана глобално познат како МФ Дум неколку години подоцна.

На неговите настапи и во јавното делување, тој секогаш носеше метална маска, направена по примерот на негативецот на стриповите на Марвел, Доктор Дум. Лик кој беше и негова инспирација за неговото уметничко име.

Веројатно најзначајниот потег во кариерата на Дум беше соработката со музичкиот продуцент Медлиб и заедничкиот албум „Madvillainy“ од 2004 година. Тој е еден од најценетите рап албуми во историјата на жанрот, а дуото автоматски се претвори во легенди на андерграунд хип-хоп.

Бројни колеги и обожаватели се збогуваат со прерано починатиот музичар, како и неговата сопруга во трогателна објава на неговиот профил.

– На најдобриот сопруг, татко, учител, партнер и пријател кој што можев да го посакам … Ви благодарам за сè што ми покажа и што ме научи низ годините, за сè што сте му даде на нашето семејство. Мојот свет никогаш повеќе нема да биде ист без тебе, а зборовите не можат да изразат колку ми значеше – се наведува, меѓу другото, во емотивната објава на неговата сопруга Јасмина.

Слични објави

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....