10:43 - 31 март, 2026

Почина американскиот актер Алан Аркин

На 89 години почина американскиот актер Алан Аркин, кој доби Оскар за најдобра споредна улога за „Little Miss Sunshine“ во 2007. Во кариерата која се протегна низ осум децении, Аркин имаше уште три номинации за Оскар, последната за „Арго“ во 2013.

Роден во Њујорк, а пораснат во Лос Анџелес, Аркин почнал да учи глума уште како дете, но кариерата ја почнал во музиката, како пејач и гитарист во бендот „Тариерс“. Групата имаше топ-5 хит во САД со песната „The Banana Boat Song’, што подоцна ја прослави Хари Белафонте.

По преселбата во Чикаго во 1960 почнал да се занимава со комедија, а актерското деби го имал на Бродвеј три години подоцна и веднаш ја освоил наградата Тони. Во Холивуд се проби со воената комедија „Русите доаѓаат“, што му ја донесе првата номинација за Оскар во 1967.

Како филмски и телевизиски актер оствари повеќе од 100 улоги, а врвот на кариерата го достигна во 2007, кога за улогата на мрзоволен дедо во „Little Miss Sunshine“ беше награден со Оскар.

Слични објави

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....