5.8 C
Скопје
08:11 - 15 март, 2026

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Кога станува збор за пејачите, постојат многу табу теми кои Злата Петровиќ секогаш со насмевка ги „разбивала“.

Додека многумина се тркаат со образование и дипломи, Петровиќ е една од ретките која никогаш не се срамела да признае дека завршила само основно училиште.

– Никогаш не сум прочитала книга. Не сум стигнала да го направам тоа, а и не чувствувам никаква желба или волја. Читав лектири затоа што морав, и тоа е сè. Размислував понекогаш за школување, но сфатив дека пеењето и животот ме научиле да ги запознаам луѓето. За мене секој човек е книга. Не мислам дека би била попаметна ако имав завршено факултет – признала таа еднаш.

Позната како личност која ништо не крие и како една од ретките јавни личности која отворено зборува за секој детал од својот живот, Злата искрено зборувала и за нејзиниот прв брак кој не завршил сјајно.

– Се омажив на 16 години за човек кого не го сакав. Го завршив осмиот клас и требаше да продолжам со школување, но тоа не се случи. Така беше тогаш… Ако не одиш во училиште, те мажат. Иако сè во таа фамилија беше убаво, јас не сакав. Нека ми прости и тој дечко и сите, но се чувствував како најнесреќната личност на светот. Да не беше тој непосакуван брак, немаше да се занимавам со оваа професија – рекла таа.

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....