15:11 - 8 април, 2026

Оскаровецот обвинет за силување 14-годишно девојче, жртвата изнесе стравични детали: Ме соблекуваше и ми зборуваше дека ќе ми се допадне, болеше!

Американскиот актер и режисер Тимоти Хатон (59) е обвинет за силување од страна на поранешниот канадски модел Сера Џонстон, пишуваат странските медиуми.

Сера, која сега има 50 години, изјавила дека актерот сексуално ја злоставувал кога имала 14 години, а наводниот напад се случил откако таа и двајца негови пријатели биле повикани во неговата хотелска соба, во Ванкувер, додека го снимал филмот „Ајсмен“, во 1983 година.

Како што наведува Сера, Тимоти тогаш ја допирал и бакнувал без нејзина согласност, додека се обидувала да се одбрани и му зборувала: „Мислам дека тоа не е добра идеја“ и „Мислам дека мојата мајка не би била среќна поради ова“. Сепак, тој не запрел тука, иако таа го преколнувала да престане.

Сера раскажала и дека актерот насилно ѝ ја искинал облеката, зборувајќи ѝ дека тоа ќе ѝ се допадне.

Додека биле во хотелската соба, Сера рекла дека Тимоти, кој во тоа време имал 22 години, и еден од неговите пријатели ја силувале и сексуално ја нападнале.

Sera Johnston, now 50, made the bombshell claim in a Buzzfeed News report

– Беше многу болно. Господе. Да, беше исклучително болно – рекла манекенката за „БазФидЊуз“.
Сера не преземала никакви правни активности сè до 2017 година, во екот на движењето #MeToo.

Таа рекла дека не се огласила дотогаш бидејќи сметала дека никој нема да ѝ верува.

Ангажирала адвокат кој од Хатон ќе бара спогодба во износ од 1,5 милиони долари од Хатон, а странките постигнале договор вреден 135.000 американски долари, пред Сера Џонсон да се повлече, бидејќи не можела да го утврди фактот дека не го вклучува признанието дека нападот се случил.

Инаку, Тимоти Хатон е добитник на Оскар за најдобар актер во филмот „Обични луѓе“.

Слични објави

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо
Се вчитува....