9.8 C
Скопје
20:04 - 23 март, 2026

Омилениот глумец од „Лудите седумдесетти“ обвинет за силување на три жени: Му се заканува казна од 45 години!

Глумецот Дени Мастерсон (44), кој го играше ликот на Стивен Хајд во легендарната серија „Луди седумдесетти“, деновиве е во центарот на вниманието. Обвинет е за три случаи на силување, пишува Си-ен-ен.

Бил уапсен во средата, но брзо пуштен бидејќи имал право на кауција од 3,3 милиони долари.

Станува збор за силувања кои наводно се случиле во периодот меѓу 2001 и 2003 година.

EPA/NINA PROMMER

„Мастерсон е невин, уверени сме дека ќе биде ослободен кога сите докази конечно ќе излезат на виделина и сведоците ќе имаат прилика да сведочат“, порача неговиот адвокат Том Месерау.

Додал и дека глумецот и неговата сопруга се во целосен шок.

„Сепак се тешат дека на крај вистината ќе излезе на виделина. Луѓето што го познаваат господинот Мастерсон го знаат неговиот карактер и знаат дека сите обвиненија се лажни“, вели адвокатот.

Имдб

Властите наведуваат дека глумецот е обвинет за силување на една 23-годишна жена во 2001 година, а потоа наводно силувал 28-годишна жена во април 2003 година и 23-годишна жена помеѓу октомври и декември истата година.

Сите наводни злосторства се случиле во куќата на Мастерсон во Холивуд хилс.

Судењето е на распоред на 18 септември, а ако се докаже вината, би можел да добие 45 години зад решетките. Исто така не е исклучена ни доживотна затворска казна.

IMDB

Слични објави

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Еспресо

Верица Ракочевиќ денес полни 78 години! Сопругот Вељко ѝ честиташе јавно: „Уште долго пркоси му на времето“

Еспресо

Весна Чипчиќ, жената со најубавата насмевка: „Најголемиот колапс во мојот живот е разводот по 23 години“

Еспресо

Сослушан Здравко Чолиќ: Еве што кажал за бомбашкиот напад и осомничените

Еспресо

Ќерката на Кнез е бремена: Ксенија Кнежевиќ очекува бебе со бизнисмен, планираат голема свадба

Еспресо

(Фото) Ова е новото момче на ќерката на Харис Џиновиќ: Ѓина „уловена“ во Барселона, прошета во мини здолниште

Еспресо
Се вчитува....