05:12 - 6 април, 2026

Оливера Балашевиќ: „Ѓорѓе никогаш не би напишал песна за Лепа Брена“

Во јавноста одамна кружи гласина дека Ѓорѓе Балашевиќ за хонорар од 2.000 евра пишувал песни за фолк-изведувачи. Овие наводи го шокираа неговото обожавателско јадро, кое тоа го доживеа како предавство на неговите уметнички принципи.

На ова се надоврза и изјавата на пејачот Милан Топаловиќ – Топалко, кој раскажа дека песната „Мегдан“ му ја дал лично Балашевиќ. Но, сопругата на починатиот кантавтор, Оливера Балашевиќ, остро ги демантираше сите овие тврдења.

– Тоа не е точно! Ѓорѓе никогаш не напиша песна за ниеден фолк-изведувач, ниту пак би се криел зад лажно име. Секогаш стоеше зад своето творештво и точно се знае за кого пишувал – рече таа, наведувајќи примери како Кики Лесендриќ, Здравко Чолиќ, Биља Крстиќ…

Оливера потенцира дека тие се во добри односи со бројни народни пејачи – меѓу кои и Лепа Брена, Миодраг Илиќ и Сека Алексиќ – но никој од нив никогаш не побарал песна од Ѓорѓе.

– Не мислам дека пишувањето за народњаци е нешто понижувачко, напротив. И во тој жанр има прекрасни текстови со силна поетика. Но, Ѓорѓе едноставно не доби таква понуда – заклучи Оливера.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....