06:09 - 6 април, 2026

Оливер Мандиќ е во болница: Пејачот се огласи и откри како се чувствува!

Познатиот српски музичар Оливер Мандиќ во моментов се наоѓа во болница, каде што се подготвува за сериозна операција.

Веста за неговата здравствена состојба ја сподели медиумскиот магнат Жељко Митровиќ, кој денеска објави фотографија со рок-легендата, откривајќи дека операцијата е закажана за утре, 11 март.

Медиумите се обидоа да стапат во контакт со Мандиќ, но тој кратко одговори: „Сè ќе биде добро. Во моментов ми мерат притисок, тука сум со анестезиологот, па не можам да зборувам, но ќе биде сè во ред“.

Мандиќ во последно време ретко се појавува во јавноста. Последен пат беше виден на погребот на својата блиска пријателка и музичка легенда, Слаѓана Милошевиќ. Тогаш беше видно потресен, носејќи очила зад кои не можеше да ја сокрие својата тага.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....