6.8 C
Скопје
20:27 - 10 март, 2026

„Нека се плашат од Бога“: Сека Алексиќ одговори за гласините дека сопругот ѝ направил дете на нивната дадилка

Пред неколку дена, на социјалните медиуми се прошири информација дека сопругот на српската пејачка Сека Алексиќ добил дете со семејната дадилка.

Алексиќ веднаш реагираше на ваквите, како што самата вели, измислици и застана во одбрана и на семејството и на нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ.

Имено, еден твитерџија сподели статус во кој го напиша следново: „А, Вељко на Сека кој ѝ направи дете на дадилката, а таа тука ми глуми семејна идила“.

Пејачката за „Блиц“ изјави дека е шокирана и разочарана од сите што можеле да измислат такво нешто.

„Семејството е свето, срам да му е на секој што ќе го допре мојот брак и сопруг. Нека се плашат од Бога оние што измислуваат вакви приказни“, изјави Алексиќ за „Блиц“.

Инаку, Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ се во брак од 2010 година. Двајцата живеат брачна идила во Стара Пазова, каде изградија дом од соништата.

Имаат два сина Јаков и Јован, на кои и двајцата им се многу посветени.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....