12.8 C
Скопје
16:47 - 23 март, 2026

Меган Фокс за злоставувањето: Имав 15 години и танцував во намокрени бикини (ВИДЕО)

Меган Фокс (34) пред 11 години гостуваше во емисијата на комичарот Џими Кимел, која деновиве се шири на социјалните мрежи, и проговори за сексуалното вознемирување што го доживеала кога имала 15 години.

Филмот во кој тогаш глумела го режирал Мајкл Беј (55).

„Само што наполнив 15 години и глумев споредна улога во филмот „Лоши момци“. Снимаа сцена во клубот и ме донесоа, а јас носев бикини, црвен каубојски шешир и штикли. Беј го одобри тоа, а тие го предупредија дека сум малолетна и дека не можам да пијам алкохол. Неговото решение за тој проблем беше да играм под водопадот и бикините да ми се намократ“, раскажала Меган.

EPA/PAUL BUCK

Интервјуто предизвика згрозување кај јавноста бидејќи водителот и публиката, наместо да и пружат поддршка, ги исмеале нејзините зборови. Кога публиката почнала да се смее, Меган додала:

„Тогаш бев осмо одделение. Ете како размисулва умот на Мајкл Беј“.

EPA/ROBERT SCHLESINGER

„Па така сите размислуваме, само некои од нас знаат како да ги потиснат тие мисли“, додал тогаш Кимел, а многумина таа изјава ја искритизирале.

 

 

Слични објави

Почина ѕвездата на сериите „Натприродно“ и „Јас зомби“ на 51 година од рак на дојка

Еспресо

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо
Се вчитува....