5.8 C
Скопје
22:36 - 16 март, 2026

Македонецот што ја освои Србија: Каде е и што прави Зоран Ванев, пејачот што ја испеа „Јужна пруга“?

Зоран Ванев е име кое публиката низ целиот Балкан добро го памети. Македонскиот пејач на почетокот на 2000-тите успеа да ја освои регионалната сцена, а особено голем успех постигна во Србија, каде што неговиот хит „Јужна пруга“ стана вистинска химна и се слуша и денес. Жените лудеа по него, а неговите настапи беа дел од најголемите музички програми и фестивали во регионот.

Да потсетиме, Ванев е роден во Штип, а потекнува од приградската населба Ново Село. Неговата музичка приказна започна уште во 1993 година со песната „Ангела“. Брзо стана популарен пејач во Македонија во 1990-тите години, а со преселбата во соседна Србија стекна уште поголема слава. Таму ги издаде своите најпознати хитови „Лила“, „Оскар“ и „Јужна пруга“, со кои се вброи меѓу најслушаните пејачи на тогашната поп-фолк сцена.

Иако беше на врвот на славата, Ванев донесе изненадувачка одлука – да се повлече од естрадата и да започне нов живот. Се пресели во Швајцарија, каде што основа семејство и отвори ново професионално поглавје. Денес работи во областа на здравственото осигурување, а музиката ја задржа само како хоби. Настапува ретко, и тоа на настани што самиот ги избира.

Паралелно со тоа, Ванев дипломираше на Факултетот за природна медицина и стана признат доктор по природна медицина во Цирих.

Фото: Инстаграм/Зоран Ванев

„Моите студии траеја цели пет години без пауза – од понеделник до петок студирав природна медицина, а секој викенд изучував конвенционална медицина. Затоа и исчезнав од естрадата, но не жалам. Денес имам своја практика и сум признат од здравствените осигурителни компании“, изјави пејачот во едно интервју.

Иако одамна не е дел од музичката сцена, Зоран Ванев останува запаметен како Македонецот кој ја освои Србија и регионот со своите хитови.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....