20:30 - 2 април, 2026

Маја Оџаклиевска за Бора Чорба: „Одамна ми кажа дека ќе биде многу популарен“

Бора Ѓорѓевиќ остави неизбришлива трага во неговата повеќедецениска кариера, а за неговиот успех говорат сите големи хитови кои ги направи.

Познатиот рокер соработуваше и со светски ѕвезди, како Џон Мекој, а овој пат од него се прости и Маја Оџаклијевска.

Таа во интервју за телевизија Прва откри некои детали поврзани со пријателството со Бора.

„Добар дел од животот поминав дружејќи се со Бора. Ќе ги паметам сите оние песни што ги напиша за албумот ‘Кост у грлу’. Соработката со него беше совршена, имам хит наречен Ти си мојот следен неуспех, напишана е од Бора“, заклучи Маја Оџаклијевска.

Бора и Маја се запознале во периодот кога се создавала „Рибља чорба“.

„Ми се допадна неговиот реален пристап кон животот“, рече таа.

„Се сеќавам дека рече дека има момче кое сигурно добро ќе се вклопи и дека е голем талент бидејќи ветува, тоа беше Бајага“, додаде познатата пејачка.

Маја откри и дека Бора уште во зачетокот на кариерата ѝ рекол „Знаеш, ќе бидам многу популарен“ и таа му верувала.

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....