03:00 - 6 април, 2026

Љубовникот на принцезата Дијана конечно проговори: И кажав да биде многу внимателна!

Хаснат Кан проговори за познатото интервју за „BBC“ и новинарот Мартин Башир и даде свој увид како според него изгледало тоа убедување Дијана да зборува така во јавноста, јавуваат странските медиуми.

Поранешната голема љубов на починатата принцеза Дијана, Хаснат Кан, проговори против „BBC“ и познатото интервју во емисијата на „BBC“, „Panorama“, кое Лејди Дијана му го даде на новинарот Мартин Башир.

Фото: Јутјуб

Кардиологот чија врска со Дијана започна во 1995 година, а заврши кратко пред нејзината смрт во 1997 година сега тврди дека новинарот Башир ја искористил Дијана.

„Една од нејзините најпривлечни особини беше нејзината ранливост. Тоа е она поради што и јавноста многу ја сакаше. Подоцна сфатив дека Мартин копал по тие рани и ги искористил“, изјави Кан (62), инаку хирург за срце и бели дробови, Британец со пакистанско потекло.

Фото: Профимедиа

„Беше многу упорен со Дијана. Се преставуваше како угледен новинар од „BBC“, дури се преставуваше и како многу побожен. Но на подмолен начин успеа да и ја наполни главата со ѓубре“, изјави Кан кој е познат по тоа дека е многу повлечен и анонимен и навистина досега многу ретко јавно говорел за својата врска со Дијана.

Фото: Профимедиа

Кан раскажал како по разговорот со Башир, Дијана започнала да верува дека принцот Чарлс имал афера со дадилката на нивните синови Тиги Лег-Брук, а станала параноична и поради приказната за микрофоните и прислушкувањето на телефонот.

„Нешто не ми се допадна кај него“.

Откако со Дијана го запознал Башир во еден паб, Кан ја предупредил принцезата да биде многу внимателна.

Фото: Инстаграм

„Од самиот почеток на разговорот започна да ми поставува неприлични, директни и лични прашања за Дијана и нашата врска. Зошто не сме венчани? Кога мислиме да се венчаме? такви работи. Имаше нешто кај тој Башир што не ми се допадна. И реков да биде многу внимателна со него“, се присети хирургот.

„Не сум наивен, знам дека и Дијана сакаше да се искаже во тоа интервју, но сепак сметам дека тоа немаше да го стори на тој начин и токму затоа мислам дека беше принудена, а можеби и уценувана да говори така“, додаде Кан.

Фото: Профимедиа

Во декември изби голем скандал во врска со најпознатото и најконтроверзно телевизиско интервју во кралската историја на BBC во емисијата „Panorama“. Меѓу оние кои бараа комплетна независна истрага се најде и братот на починатата Дијана, Чарлс Спенсер. Постојат сериозни наводи кои тврдат дека водителот Мартин Башир ја измамил и и подметнал лажни документи со цел да ја принуди принцезата да зборува, а во „BBC“ наводно знаеле за тоа.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....