00:08 - 6 април, 2026

Лепа Брена: „На Први мај бегаме од четири ѕида и печеме прасе на ливада“

Лепа Брена го славеше Први мај во духот на некогашната Југославија – традиционално, семејно и под ведро небо.

– Овој празник секогаш ме потсетува на најраното детство. Први мај го славеше цела земја – со колективен дух и среќа која се чувствуваше и индивидуално. Се сеќавам како со родителите бегавме од дома, излегувавме на ливада, печевме прасе и уживавме цел ден – раскажа Брена.

Таа призна дека најчесто празниците ги минувала работно – пеела и за свој роденден, за Нова година и за секој друг повод кога другите одмараат.

– На Први мај се дружиш, се насмееш, се опуштиш и барем на еден ден забораваш на сè. Единствено што не поддржувам е претерувањето со јадење и пиење, а тоа кај нас е многу често – искрено додаде пејачката.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....