5.8 C
Скопје
15:49 - 23 февруари, 2025

Колешката во одбрана на Ана Николиќ: „Кога ми беше тешко, прва ми помогна и ми даде пари“

Пејачката Ана Николиќ се најде во центарот на скандал кога на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа нејзиното лице со рани и лузни, а таа моли за помош бидејќи, како што рекла, „има 100 динари на сметката“.

принтскрин

По тој повод се огласи нејзината колешка, пејачката Гога Секулиќ, која застана во одбрана на Ана и истакна дека доколку сака ќе ѝ помогне.

-Кога имав тешки моменти во животот, иако не се дружевме, таа беше првата што ми се јави и ми понуди помош. Тоа беше вистина пред десет години. Таа ме контактираше и покажа дека има големо срце, но сите што ја познаваат знаат дека е многу добра пријателка пред се. Таа тогаш не ми беше блиска пријателка. Ме покани на ручек во „Франш“ и ми стави пари во чантата. Сакав да и вратам, но таа ми рече дека не доаѓа предвид, дека знае во каква ситуација сум. Тоа никогаш нема да ѝ го заборавам – рече Гога за српските медиуми.

Гога раскажува дека не знае што ѝ се случило на Ана во последните години, но ако и треба помош, таа е тука за неа.

– Мислам дека се крена малку повеќе врева околу ова и дека тоа ѝ прави проблем. Девојката зад себе има многу хитови и успешна кариера. Не знам дали е во неволја последниве години, а очигледно е, штом сето ова и се случува, што и да е – тука сум. Не знам кој живее со неа, но треба да ѝ се помогне. Верувам дека жената е навистина во проблем, и никој не треба да го вади валканиот веш, туку да најде начин да ѝ помогне – открива Гога.

Гога признава дека најтешко ѝ паѓа тоа што малата Тара може да прочита се на Интернет.

– Нејзиното дете не е мало, може сето тоа да го прочита и да остави некакви последици за неа, бидејќи тоа влијае на нив. Што ѝ да направила, бабите и дедовците мора пред се, заради детето, да и простат на Ана и да бидат со неа, да се издигнат над се. Бабите треба да се грижат за детето, ако таткото не може, додека не се среди се. Јас сум со неа во секој поглед. Не мора да значи дека и треба третман, можеби само треба да оди на море, да се опушти, да го среди целото тело и организам – вели Гога.

Слични објави

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Еспресо

Аца Лукас со шокантна исповед: Бев интимен со Ана Севиќ пред да се омажи за Дарко Лазиќ, а потоа и пред крајот на мојот брак

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац ужива за сите пари во Дубаи: Пејачката во костим за капење ги остави мажите без здив

Еспресо

Нова естрадна војна: Рада Манојловиќ застана во одбрана на Милица Павловиќ, а Карлеуша жестоко ја нападна!

Еспресо

Хороскоп за 23 февруари: Лавовите во мака поради пари, Вагите поради обврски, а вие?

Еспресо

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо
Се вчитува....