3.8 C
Скопје
23:59 - 20 декември, 2024

Која е Ебру Шахин, убавата глумица што ќе се мажи во Охрид со славниот кошаркар Чеди Осман: Таа тежи 25 милиони долари, тој зема годишна плата од над 3 милиони

Турската глумица Ебру Шахин и кошаркарот Чеди Осман моментно уживаат во Охрид каде наскоро ќе се случи и нивната свадба. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ebru Şahin (@rebrusahin)

Познатата убавица, турската актерка Ебру Шахин, кажа „да“ на предлогот за брак на Чеди Осман, популарниот кошаркар на Кливленд Кавалирс, со кого е во врска веќе извесно време. Ебру Шахин, која блеска со ликот на Рајан Шадоглу во турската ТВ серија Дива (Херкаи), првото актерско искуство го имала во 2016 година со филмот „Кан Параси“. Па, која е Ебру Шахин? Еве ги интерените информации за животот и биографијата на успешната актерка.

Животот и биографијата на Ебру Шахин особено го следат љубителите на турските серии и оние кои читаат „женски списанија“ каде е речиси сеприсутна. Родена на 18 мај 1994 година, убавата актерка студирала глума по дипломирањето на Факултетот за спортски науки на Универзитетот во Истанбул.

Покрај тоа што е талентирана, таа ужива во големата убавина и витката фигура (1,64 м. висина). Целиот живот го поминала со својата мајка, со која живеела, а имала 11 години кога почнала да се занимава со спорт и учествувала во многу спортски натрпевари. По бројните остварени проекти во турски серии, комерцијални реклами, телевизиски емисии и филмови, нето вредноста на актерската денес се проценува на 25 милиони долари.

Сепак, особено славна стана и со врската со кошаркарот Чеди Осман, со кого го дели животот повеќе од две години. Чеди Осман ја запросил Ебру Шахин во Кападокија, на 14 септември минатата година.

Тие моменти Ебру Шахин ги сподели на својот профил на социјалните мрежи.

На 19 мај пак, годинава се случи свршувачката на двете ѕвезди. Опкружена со пријателите и семејството и обземена од големи емоции, актерката всушност, тогаш прослави два многу важни моменти во животот – свршувачка, како увертира за нивната свадбена прослава што ќе се случи  ова лето и тоа во Охрид. А само ден претходно, на 18 мај, парот заедно го прослави и нејзиниот  27 роденден со голема забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ebru Şahin (@rebrusahin)

Но, секако, многумина се прашуваат зошто Охрид е избран како дестинација на трускиот пар за да ја крунисаат својата љубов? Причината е во тоа што Осман по потекло е од Македонија, роден е во Охрид (во 1995) од татко Турчин и мајка Србинка. Тој добил турско државјанство поради потеклото на татко му. Во 2001 година почнал да се занимава сериозно со кошарка почнувајќи од помалку значајни тимови, а на екипата на Анадол-Ефес се придружил во 2007 година. Во текот на неговата богата кариера собрал цело богатство, а неговата финансиска состојба постојано расте до завидно ниво меѓу колегите. За 2018 година, на пример, неговата плата била околу три милиони долари а со тоа е и еден од најплатените кошаркари во Кливленд Кавалирс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ebru Şahin (@rebrusahin)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ohrid.1

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....