03:57 - 6 април, 2026

Ќерката на Јелена Карлеуша сподели досега необјавена фотографија од семејниот албум: „Толку љубов има на оваа слика, ќе ви го скрши срцето“

Ника Тошиќ, ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, е мошне популарна на социјалните мрежи, каде често споделува моменти од своето секојдневие. Иако најчесто објавува видеа каде танцува или покажува модни комбинации, овојпат своите следбеници ги допре со нешто многу поемотивно — фотографија од детството која ја поврзува со нејзината баба Дивна.

На фотографијата, која ја објави својот инстаграм-проифил, може да се види како Дивна ја прегрнува Ника додека е уште мала девојчица. Сликата зрачи со емоции и го доловува блискиот однос меѓу бабата и внуката, оставајќи силен впечаток кај сите што ја видоа.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Ника Тошиќ

Ника неодамна привлече внимание со фотографии од еден гала настан на кој присуствувала. Облечена во фустан што претходно го носела нејзината мајка Јелена, изгледала како вистинска млада дама, оставајќи многумина воодушевени од тоа во каква убава девојка пораснала.

Иако расте во семејство на славни личности, Ника, како и нејзината сестра Атина, е позната по својата скромност. Особено е активна на TikTok, каде редовно комуницира со своите следбеници и секогаш љубезно се заблагодарува на убавите зборови и комплиментите што ги добива.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....