14:36 - 8 април, 2026

Кејти Пери и Орландо Блум повторно докажаа дека имаат интересна смисла за мода (ФОТО)

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум досега во повеќе наврати покажаа интересна смисла за мода и стил, меѓутоа обожавателите ќе се согласат дека со последното нивно појавување ги надминаа сите досегашни изданија.

Profimedia

Бремената Кејти и Орландо се упатија на прошетка на една од плажите во неговата родна Санта Барбара, вљубено разменувајќи нежности. Погледите ги привлече џемперот на Кејти и карираниот фустан. Орландо прошета со кратки шорцеви и маица без ракави, додека двајцата носат шешири од слама.

Profimedia
Profimedia
Profimedia
Profimedia

Нивната ќерка ќе пристигне на свет наскоро, во текот на ова лето, а Орландо има 9-годишен син, добиен од неговиот прв брак со актерката Миранда Кер.

Орландо Блум со поранешната сопруга Миранда Кер и синчето/Profimedia

Актерот од филмскиот серијал „Господар на прстените“ во последното негово интервју за „Добро утро Америка“ открива дека е многу возбуден, што наскоро ќе ја дочека својата прва ќерка.

„Ова е волшебно време, како ангел да се спушта на земјата. Така се чувствувам.“- потврдува Блум.

Слични објави

(Фото) Многу си личат: Ова е сестрата на Бојана Скендеровски

msp-admin

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.
Се вчитува....