6.8 C
Скопје
06:49 - 31 март, 2026

Јелена Розга првпат во јавност со момчето Иван Хуљиќ: „Ние ништо не криеме“

Јавноста со месеци зборува за тоа дека хрватската пејачка Јелена Розга (47) е во врска со Иван Хуљиќ (37), синот на хрватскиот композиторТончи Хуљиќ.

Розга во повеќе наврати истакна дека е среќна и вљубена, но дека не се мажи.

Меѓутоа, пејачката досега не споделуваше ништо за тоа со јавноста.

Овие денови на едно доделување на награди таа се појави во друштво на своето момче, а притоа насмевката не ја симнувала од лицето.

На свеченоста на розите во Вечерњак, пејачката се појави со своето момче, што беше нивно прво појавување во јавноста.

– Ние ништо не криеме – рекла одлично расположената Јелена за „Нет.хр“.

Таа блескала во долг светкав фустан, а рекла дека за нејзиниот изглед заслужно е тоа што внимава што јаде.

Розга исто така рекла и што ѝ најважно кај облеката што ја носи.

– Ја сакам модата, навистина. Но, најважна ми е удобноста. Нема да излезам на сцената ако нешто ме стега или ако не можам да ја кренам раката, тоа навистина ме нервира. Не сакам да бидам во соблекувалната, сакам да бидам на сцената и да уживам во гласот, песните и публиката. Удобноста е клучна за мене – изјавила таа.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....