07:38 - 6 април, 2026

Јелена Карлеуша се огласи пред финалето на српската Евровизија: „Србија може само да сонува дека ќе победи!“

Српската пејачка Јелена Карлеуша неодамна објави дека сака да се натпреварува на „Песна за Евровизија“, но откако Оливера Ковачевиќ изјави дека задоцнила со пријавата, поп-дивата истакна дека ќе ја почека следната година.

Сепак, сега на социјалната мрежа Икс изјави дека не сака да се натпреварува со аматери и дека се сомнева дека би можела да биде понижена од страна на организаторите.

„Кога станува збор за ‘ПЗЕ’, не сакам да се натпреварувам со куп аматери. Тоа е под моето ниво, разбирате? Не сакам да бидам понижена од организацијата, разбирате? А тоа би се случило, верувајте. Сметам дека РТС треба да ме покани директно, без никакво ‘натпреварување’“, напиша Карлеуша.

Потоа додаде дека Србија може да сонува за победа на Евровизија сè додека не ја испрати неа како претставник.

„И за крај, Србија може да сонува за победа на Евросонг додека не ја испрати Јелена Карлеуша. Едноставно е така“, порача поп-дивата.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....