14.8 C
Скопје
20:51 - 25 октомври, 2026

„Извадив маснотии од стомакот и ги ставив во градите“: Најпознатата хрватска тиктокерка конечно откри како ја добила совршената фигура

Хрватската инфлуенсерка Мирта Милер, која на „ТикТок“ ја следат речиси 19 милиони луѓе, отворено проговори за естетската процедура што ја направила пред неколку години, нагласувајќи дека не сака кај младите да создава нереални стандарди за убавина.

Дваесет и деветгодишната креаторка на содржини, која и претходно јавно зборуваше за својата борба со нарушувањата во исхраната, во ново видео одговараше на прашањата на своите следбеници. Најголем интерес предизвикале коментарите за нејзиниот изглед и промената на фигурата.

Тогаш Мирта откри дека пред три години направила естетски зафат.

„Имав трансфер на маснотии. Ми зедоа маснотии од стомакот и ги префрлија на градите“, вели таа во видеото, додавајќи дека сака да биде целосно транспарентна и да не создава нереални очекувања и слика кај младите.

По признанието, следуваа бројни прашања од нејзините следбеници. Многумина се интересираа како изгледа закрепнувањето, колку долго траат резултатите и дали интензивното вежбање влијае врз изгледот по ваков зафат.

Инфлуенсерката зборуваше и за своите навики кога станува збор за исхраната и физичката активност, истакнувајќи дека тренинзите повеќе не ги доживува како обврска, туку како дел од секојдневниот живот.

Нејзината искреност наиде на позитивни реакции, а голем број следбеници ѝ порачаа дека токму ваквата отвореност недостига на социјалните мрежи.

„Фала што си толку реална и транспарентна во врска со оваа тема“, е еден од коментарите со поддршка.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....