11.8 C
Скопје
19:02 - 10 март, 2026

Хрватската пејачка се расплака поради Лепа Брена, па се пожали: „Се прашувам колку пари ќе добијам за таа песна“

Хрватската пејачка Алка Вуица неодамна работеше како автор на албумот на Ана Бекута, додека песната на Лепа Брена „Љубав нова“, чиј текст таа го напиша, беше прогласена за најслушана во Бугарија.

„Брена ме расплака кога ја пееше таа песна. Сега баш ме интересира колку пари ќе добијам од Бугарите (се смее). Сè уште имаме проблем со нерегулирани авторски права и пуштање на радио“, изјави Вуица за хрватскиот портал „24 сата“.

Инаку, Алка повеќепати има кажано дека некои пејачи не ` плаќаат за пишани текстови, а сега, како што рече, таа ситуација малку се променила.

„На оваа возраст можам да барам, но повторно на некој начин се базирам на слушање песни на радија“, нагласи Алка и додаде дека уметноста слабо се цени.

Да потсетиме, Алка Вуица напиша бројни хитови, но, како што вели, песната „Лажи ме“ која е создадена сосема случајно и донесе најмногу пари во кариерата.

„’Лажи ме’ е песна која ми дојде бидејќи имав среќа, не бев многу мрзлива да станам од кревет и да ја запишам, беше околу два по полноќ. Мислам дека ќе ја врамам хартијата на која е напишана. Сега нека ми остане тајна на кого мислев кога го пишував текстот. Дечко со кој бев во Љубљана, многу лажеше, но мојата голема љубов… ‘Лажи ме’ е песна што ми го купи животот, ми го купи животот како пејачка, беше голем хит, почна продажбата. ‘Лажи ме’ ми купи автомобил, куќа, се, таа песна беше пресвртница“, откри Вуица за „ИН магазин“.

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо
Се вчитува....