9.8 C
Скопје
01:11 - 25 октомври, 2026

Харис Берковиќ по разделбата со Рада Манојловиќ се повлече од јавноста: Се здебели, но сè уште е опасен шармер

Пејачот Харис Берковиќ, кој своевремено беше миленик на женската публика, се повлече од јавната сцена по разделбата со својата долгогодишна девојка и колешка Рада Манојловиќ. Денес малку се знае за неговиот живот, но од неодамна повторно е активен на социјалните мрежи.

Љубовната приказна меѓу Рада и Харис отсекогаш ја интригирала јавноста, иако двајцата ретко зборуваа за интимните детали. Во времето кога беа заедно, снимија и заеднички дует, а многумина му предвидуваа блескава кариера. Сепак, по разделбата, Харис реши да се повлече. И покрај тоа, не се откажа од музиката – неодамна настапи со Драгана Мирковиќ, со која и позираше по концертот.

На најновите фотографии се забележува дека Берковиќ добил неколку килограми и има залиски, но неговиот шарм и самодоверба останале непроменети.

Фото: Инстаграм/Харис Берковиќ

Рада Манојловиќ неодамна призна дека се помирила со поранешниот дечко и дека со него планира брак.

„Не се работи за месеци, туку за години. Тоа е еден нов-стар дечко, истиот човек. Пресреќна сум. Ако би го покажала јавно, сигурна сум дека многу колешки би фрлиле и двете очи на него. Тој е човекот на кој би му го кажала судбоносното ‘да’. Нашата желба е да имаме дете, но тоа не зависи само од нас“, изјави таа во емисијата „Премиера – викенд специјал“, нагласувајќи дека не станува збор за Милан Станковиќ.

Пејачката искрено зборуваше и за тоа дека токму нејзината неподготвеност да стане мајка била причина за проблеми во врската со Харис.

„Се обидував да му објаснам на Харис и на другите дека едноставно немам мајчински инстинкт. Тие мислеа дека не сакам дете со нив, но личност која мора да зема ксанакс и не може да се справи со конфликти не е подготвена за воспитување дете. Јас сум таа што бега од одговорност“, откри таа во интервју за „Свет“.

Слични објави

(Фото) Синот на Брена тргна на пат со девојката: Фотографијата од лифтот привлече внимание, сите гледаат што има на рамото

Еспресо

(Фото) Карлеуша од глава до пети во „Гучи“, од вкупната цифра ќе ви се сврти во главата!

Еспресо

„Каде и да одиме, Верица ме срами“: Вељко Кузманчевиќ се пошегува за сопругата која е 35 години постара од него

Е.А.

„Нема утеха“, песната со која Александра Пилева го освои „Макфест“: „Секојпат кога ја пеам ме обземаат емоции“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо
Се вчитува....