22:36 - 5 април, 2026

„Голем човек!“: Последната објава на Халид Бешлиќ ги растажи обожавателите

Само еден ден пред неговата смрт, легендарниот пејач Халид Бешлиќ објави емотивна порака на својот инстаграм-профил – апел за помош на едно болно дете.

„Помогнете му на Нинко да има поубав живот!“, стоеше во последната објава што ја сподели пејачот, со што уште еднаш го покажа своето големо срце и човечноста по која ќе остане запаметен.

Фото: Инстаграм/Халид Бешлиќ

Бешлиќ, кој цел живот живееше скромно и без скандали, често беше нарекуван „човек од народот“. Своевремено во едно интервју изјави: „Можам да возам скап автомобил и да снимам милионски спотови, но зошто би го правел тоа додека соседот нема за леб? Најголемо задоволство ми е да нахранам некого, да помогнам во народната кујна, да нахранам сто гладни усти или да донирам пари за децата без родители. Сакам, кога ќе заминам, да ме паметат како добар човек – не само како добар пејач“.

Тој збор го одржа до последниот ден. Халид Бешлиќ почина во 71-та година од животот, оставајќи зад себе дела и песни што ќе живеат уште долго во срцата на народот.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....