23.3 C
Скопје
00:34 - 16 јули, 2026

(Фото) Вака згодниот Ферит од турската серија „Женкар“ ги поминува жешките летни денови

Турската хит серија „Златниот кафез“ со возбудлив и романтичен заплет базиран на вистински настан, паузира со прикажување во текот на летото. Актерите од серијата (чие снимање престана по три сезони кон средината на април) заслужено одмораат.

Меѓу другите, Ферит, брилијантно толкуван од Мерт Рамазан Демир, и Сејран (Афра Сарачоглу) дури беа поврзувани и емотивно надвор од серијата, неколкупати беа уловени заедно на одмор и на разни патувања како разменуваат нежности.

 


И додека неговата колешка Афра снима нови рекламни кампањи, тој отпатува во Велика Британијаи им претстави нови фотографии од тоа патување на своите обожаватели на Инстаграм. Таму се опушташе со прошетки за да ги види знаменитостите, тениски турнири, возење со воз, вечери во пабови.

 


Турските медиуми пишуваат дека пред тоа тој бил во Хатај Искендерун на платена воена служба.

„Три сезони беа многу брзи и интензивни за мене и Ферит. Понекогаш се заморувавме еден од друг, но исто така многу се забавувавме заедно. Многу се навикнав на него. Мислам дека дури сега подобро разбирам што ми значи тој лик откако заврши серијата“, рече Мерт.

 


Обожавателите на атрактивниот актер можат да го гледаат во филмот (кој го сними минатото лето) „Напуштениот човек“ на Нетфликс.

Роден е на 25 ноември 1998 година во Истанбул. Израснал во градот Шиле, како петто дете на трговец и домаќинка, а во актерството се заљубил на седумнаесет години.

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу уживаше во Трпејца – со синот веслаа на суп-даска и ги сподели магичните зајдисонца

apostolova

Сите зборуваат за свадбата на Јелена Розга и Иван, се зборува дека ќе има 500 гости: Еве дали ќе го земе презимето Хуљиќ

Еспресо

Мила Арсовска ја откри животната битка: „На две години ме прегази воз, никој не знаеше низ што поминав“

Еспресо

(Фото+видео) Чипка и прорез што ги нагласи нејзините долги нозе – Џејла Рамовиќ се појави во фустан во боја на вино

Еспресо

„Најтешкото снимање ми беше на филмот Исправи се, Делфина“: Сеќавање на Неда Арнериќ, глумицата што ја овековечи легендарната Атина Бојаџи

Т.Ц.

(Фото) Редок семеен момент — Маријана и Росана го прославија 89. роденден на нивниот татко

Еспресо
Се вчитува....