10:23 - 7 април, 2026

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Македонскиот саксофонист Горан Папаз со гордост ја сподели радоста од родителството, објавувајќи фотографија од своите три бебиња, кои наполнија три месеци.

„Три месеци, мама и тато психофизички стабилни. Одиме понатаму…“ – напиша тој, споделувајќи слика од малите Луна, Лазар и Лена.

Папаз, кој стекна популарност со „Суперхикс“, уште во август објави дека ќе стане татко, покажувајќи ултразвук од тројките.

„Шансите за природна тројка се 1 на 1.000 – ние победивме!“ – напиша тогаш, шеговито додавајќи дека го решил проблемот со наоѓање музичари за бенд.

Неговата сопруга Наташа се породи во декември, а двојката стапи во брак пред две години со голема свадбена прослава.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумот… Нате, најубава си ми. Те сакам до небото!“ – изјави тогаш Папаз.

Музичарот од претходниот брак има и син, Дамиан.

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....