8.8 C
Скопје
22:18 - 18 март, 2026

(Фото) Северина им посака среќа на македонските фудбалери, тие ѝ подарија дрес

Во понеделник, македонската фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Хрватска. Македонците и Хрватите ќе си ги одмерат силите во Риека, а ова ќе биде еден од двата натпревари во јунскиот репрезентативен циклус.

Непосредно пред тргнувањето за Хрватска, нашите фудбалери имаа специјален гостин во хотелот „Дабл Три Хилтон“ во Скопје – регионалната музичка ѕвезда Северина Вучковиќ.

Таа им посака среќа на нашите репрезентативци, а тие ѝ подарија два дреса со бројот седум – едниот со нејзиното име, а другиот со името на син ѝ Александар.

Симболичниот подарок ѝ го врачија фудбалерите Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

Фото: Инстаграм/ФФМ
Фото: Инстаграм/ФФМ

Слични објави

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо

Венцислава Тафкова за жената што почина по естетска процедура: „Престанете да покажувате со прст“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ е хит на Тикток, а сега призна: „Без него никогаш не би можел да ја наполнам Арената“

Е.А.
Се вчитува....