19:06 - 16 септември, 2026

(Фото) Сестра ѝ на Јелена Спенџарска е вљубеничка во природата: „Среќно семејство од 6 члена“

Викторија Спенџарска, попозната на социјалните мрежи како Веган Вики, сподели моменти од семејната атмосфера во природа, покажувајќи дека љубовта и заедништвото можат да создадат едно големо и хармонично семејство.

Инфлуенсерката од Берово, која е сестра на водителката Јелена Спенџарска и мајка на две ќерки – Љубљана и Емона, објави фотографии од пикник во природа со својот свршеник, своите деца и неговите две деца.

„За сите неверојатни мајки“, напиша Вики покрај фотографиите, а во една од објавите кратко додаде и: „Среќно семејство од 6“.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Парот, кој често споделува моменти од животот исполнет со кампување, престој во природа и готвење на отворено, овојпат уживаше во пикник во близина на Гевгелија.

Од подготовка на храна на оган до дружење меѓу зеленилото, фотографиите покажуваат опуштена семејна атмосфера и ден исполнет со смеа и детска радост. Вики откри дека таа била задолжена за зеленчукот, додека нејзиниот партнер го подготвувал месото.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм

Следбениците веднаш реагираа со позитивни коментари, истакнувајќи дека нивните фотографии се вистинска „позитива на денот“.

Слични објави

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо

(Фото) „Колку повисоко се искачувам, толку потивок станува светот“: Александра Спировска покажа која е нејзината нова страст

Еспресо

„Се чувствувам како да сум во моите дваесетти години“: Јелисавета Орашанин изгледа неверојатно, ја откри тајната на совршеното тело

Еспресо

За сите убави моменти што допрва доаѓаат – есенската колекција на свечени фустани пристигна во „Прагма“

Еспресо

Да се потсетиме на Калиопи во „Среќна Нова ’49“: „Пиши ми“ како дел од незаборавната филмска атмосфера

Т.Ц.
Се вчитува....