13.8 C
Скопје
14:58 - 28 октомври, 2026

„Дали ни треба уште еден тест“: Марија и Бојан од „Ај кју“ објавија среќна вест, добија бројни честитки

Марија Ивановска и Бојан Трајковски од „Ај кју“ наскоро ќе се остварат во улогата на родители. Среќната вест ја објавија на социјалните мрежи, каде што споделија креативно и хумористично видео со кое открија дека го очекуваат своето прво дете.

Музичкиот пар, кој со години е заедно и кој во 2018 година ја претставуваше Македонија на Евровизија, уште еднаш ги воодушеви своите следбеници, но овојпат со приватна и емотивна новост.

Во видеото Марија држи тест за бременост, додека двајцата глумат изненадување од резултатот. Неколку моменти подоцна, таа го покажува и трудничкото стомаче, потврдувајќи дека наскоро во нивниот дом ќе пристигне нов член.

„‘Ај кју’ со нов член? Да не треба уште некој тест?“, напишаа тие во описот на објавата.

Објавата веднаш собра бројни реакции, честитки и пораки со љубов од пријателите, колегите и фановите, кои не ја криеја радоста поради убавата вест.

Слични објави

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.
Се вчитува....