13:59 - 8 април, 2026

(Фото) „Приватни базени, аква-парк и тениски терени“: Наташа Беквалац потрошила 10.000 евра на луксузен одмор

Пејачката Наташа Беквалац моментално престојува во Дубаи со своите ќерки, а за ова луксузно патување издвојила вистинско богатство.

Иако активно работи на својот нов албум, Наташа настојува секој слободен момент да го помине со своите ќерки.

„Поради работата на албумот значително го намали бројот на настапи, но е свесна дека и понатаму поминува многу време надвор од дома, одделена од ќерките. Често се случува да не се видат цел ден, што ѝ паѓа тешко, па затоа реши да ги изненади со патување на нивната омилена дестинација – Дубаи – открива извор близок до пејачката и додава:

Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

„Сè организираше за еден ден – резервира сместување, купи карти… Со нив отпатува и Јована, девојката која од раѓањето на Катја се грижи за неа. Со текот на времето, таа и Наташа станаа многу блиски, па сега ја смета за рамноправен член на семејството. Затоа Јована секогаш патува со нив, а сите трошоци за овие луксузни патувања ги покрива Наташа. Овојпат, за совршен „женски одмор“ издвојила вистинско богатство – уживањето во полн пансион во ексклузивен хотел ја чинело повеќе од 10.000 евра! Комплексот каде што се сместени, покрај прекрасната приватна плажа, располага и со кинески ресторан, фризерски салон, неколку отворени базени, аква-парк, спа-центар, сауни, тениски терени и теретани, па не е чудно што цената е толку висока. Интересно е што дури и на одмор, Наташа не ја менува својата дневна рутина – продолжила да се храни здраво и редовно да тренира“, открива изворот.

Фото: Инстаграм/Наташа Беквалац

„Девојките максимално уживаа во убавото време, песочните плажи и шопингот низ Дубаи. Во меѓувреме, дадилката поминуваше повеќе време сама со Катја, а Наташа тоа го искористи за долги разговори со постарата ќерка Хана, со која има отворен и пријателски однос без никакви табу-теми. Вечерите ги поминуваа во излегувања, посети на шопинг-молови и ресторани, каде што уживаа во коктели и дружење“, заклучува изворот.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....