12:43 - 10 април, 2026

(Фото) Позитива на денот: Марко „Дај побрзај“ и Бомбакис со бебињата во Охрид

Македонскиот водител Марко Новески, најпрепознатлив по телевизискиот проект „Дај побрзај“, и инфлуенсерот Кристијан Станковски, познат како Бомбакис на социјалните мрежи, се на летување со нивните деца во „македонскиот бисер“ Охрид.

Ова дуо, кое неретко е во заедничко друштво, објави заедничка фотографија – Марко позира со близнаците Веда и Вања, а Бомбакис ја држи својата ќеркичка Бисера во раце.

„Единственото вистинско богатство во животот е ова“, напиша Бомбакис во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Бомбакис

Да потсетиме, Марко Новески и неговата сопруга Цена Плавеска стапија во брак во август 2021 година. Три години подоцна, тие станаа и родители на Вања и Веда, за кои водителот вели дека се неговата „дупла среќичка“.

Пред еден месец, водителот и неговата сакана за првпат отидоа на семеен одмор со близнаците, кои се родија во април годинава.

„Одиме на плажа. Можеби Веда и Вања нема да се сеќаваат, но јас и сопругата сигурно никогаш нема да го заборавиме првото одење на плажа со нив“, напиша тој во описот на фотографиите, кои ги објави на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Марко Новески

Што се однесува до Бомбакис, тој се ожени за неговата избраничка Вики Дојчиновска во јуни минатата година. Тие ја добија ќерката Бисера пред седум месеци, поточно кон крајот на декември.

Слични објави

Погледнете како изгледа скапоцениот стан на Николија во Атина, подарок од мајка ѝ Весна Змијанац

E.A.

Сите мислеа дека е бизнисмен полн со пари – откриено е со што се занимава момчето на Дара Бубамара

E.A.

„Не јаде, не пее, не честита“: Еве како изгледа празникот во домот на Ана Бекута без нејзиниот Мрка

E.A.

Дневен хороскоп за 10 април: Бидете трпеливи

apostolova

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо
Се вчитува....