07:21 - 6 април, 2026

(Фото) Никола Роквиќ се претвори во ѕвер: Пејачот ги покажа мускулите по напорен тренинг

Српскиот пејач Никола Роквиќ повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Овој пат, не со нова песна, туку со фотографија на која се гледа резултатот од неговата посветеност на фитнесот и здравиот начин на живот.

По завршување на интензивен тренинг, Роквиќ се фотографираше пред огледало – видно испотен, но со извајани бицепси и трицепси кои веднаш го привлекоа вниманието на јавноста. Облечен во црна маичка без ракави, пејачот покажа дека е во врвна форма, а коментарите на неговите фанови, особено женскиот дел, не изостанаа – „звер“, „врие сексапил“ и „пример за здрав живот“ беа само дел од пофалбите.

Никола веќе одамна не крие дека вежбањето е дел од неговата секојдневна рутина. Дека навистина е сериозен во намерата да го одржува телото во форма, потврди и неодамна кога направи тест за оптеретување. За време на тестот, тој вежбаше на лента за трчање, додека стручњаци го следеа ритамот на неговото срце со електроди поставени на градите.

Фото: Скриншот

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....