00:17 - 19 декември, 2025

(Фото) На Дино Мерлин му истече окото, а нејзе ѝ е важно да е убава: Сите ја критикуваат Ела Дворник за лошиот фотошоп

Ела Дворник, ќерка на покојниот музичар Дино Дворник, денес се смета за една од највлијателните инфлуенсерки во регионот. На социјалните мрежи таа секојдневно споделува моменти од настаните и од приватниот живот, а неодамна привлече посебно внимание со фотографија на која позира со пејачот Дино Мерлин.

Иако била убава средба, вниманието на јавноста е насочено кон обработката на фотографијата – Ела, според многу следбеници, претерала со фотошопот, поради што и лицето на Дино Мерлин изгледало деформирано, особено окото.

 

Корисниците на социјалните мрежи не го пропуштија овој детаљ, па веднаш почнаа со коментари и прозивки.

– Колку се фотошопирала оваа, на Дино окото му истекло – гласела една од објавите.

Инаку, Ела е некој што нема проблем да се фотографира себеси во домашно издание без грам шминка, па затоа оваа објава ги изненади сите.

Инаку, до неодамна, Ела привлекуваше внимание со својот турбулентен развод, а голем проблем се појави поради куќата што ја купи со својот поранешен сопруг Чарлс, поради што во моментот се на суд. Чарлс доби половина од куќата со пресудата. Исто така, куќата има и хипотека за кредит од 252.000 евра, па на Британецот му беше доделена и половина од кредитот за отплата.

Судејќи според објавите на социјалните мрежите, Чарлс продолжил понатаму, но истото го направила и Ела, па од неодамна споделува фотографии со подароци од таен обожавател.

 

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....