01:42 - 3 април, 2026

(Фото) Македонецот Матеј Павловски прогласен за маж со најубаво тело на светскиот избор „Менхант 2025“

Македонскиот модел Матеј Павловски (24) се закити со титулата „Модел со најубаво тело“ пред официјалното финале на престижниот светски избор за модели „Менхант 2025“.

Павловски, кој го носи прекарот „македонскиот Аполон“, го доби признанието во силна конкуренција од 37 врвни модели од целиот свет. Изборот се одржува во тајландската метропола Бангкок, а Павловски е единствениот претставник од Балканот и еден од ретките од Европа.

Фото: Инстаграм/Матеј Павловски

Моделот е дел од агенцијата „Макс Моделс“, која стои зад неговата меѓународна кариера, а на социјалните мрежи веќе е меѓу најголемите фаворити за уште една голема титула – за најдобар светски модел. Според анкетите и типувањата на Инстаграм, Павловски се наоѓа во првите пет најпосакувани финалисти на годинешниот избор.

Финалето на „Менхант Интернационал 2025“ се одржува денеска.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....