6.8 C
Скопје
05:58 - 31 март, 2026

ФОТО:Ким Кардашијан ја опиша 2020 година со смешна фотографија од нејзината ќерка

КИМ

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, претстави како нејзината 2020 година би изгледала доколку е фотографија, со кадар на нејзината ќерка Норт и нејзината мала братучетка Пенелопе.

Кардашијан на својот Инстаграм профил ја објави споменатата фотографија од двете девојчиња, со која ги насмеа нејзините фанови, а секако не било воопшто смешно во вистинскиот момент кога е создадена оваа фотографија.

Имено, Ким ја држи Пенелопе, која исто така изгледа исплашено, без оглед дали е од нешто што го видела или слушнала, а притоа малечката несвесно замавнува со рацете и ја удира нејзината братучетка Норт.

Instagram
Instagram

2020 година како фотографија – напиша Кардашијан и додаде емотикон кој плаче од смеа, а според изразот на лицето на нејзината ќерка, може да заклучиме дека ударот не бил воопшто благ.

Оваа фотографија ја опишува 2020, како еден голем, неочекуван удар во лице.

Патем, семејството Кардашијан не ги почитуваше мерките против коронавирусот за Денот на благодарноста, бидејќи тие се собраа како семејство во куќата на нивната мајка Крис Џенер

Instagram
Instagram

На граѓаните во Калифорнија претходно им беше препорачано да не патуваат за тој празник или да се собираат поради пандемијата на коронавирисот, а на фотографиите, во куќата на Крис, може да се види маса поставена за 14 лица.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....