02:05 - 6 април, 2026

(Фото) Ќерката на Пере наполни четири години, пејачот на „Нокаут“ објави семејна фотографија со сопругата и ќерките

Малечката Софиа, ќерката на пејачот Никола Перевски – Пере и неговата сопруга Јована Темелковска, го прослави четвртиот роденден на 20 ноември.

Пејачот на групата „Нокаут“ тогаш ѝ посвети емотивна честитка на својата ќерка, а сега објави и семејни фотографии од роденденската забава на Софиа.

„Ти внесуваш сонце во моите денови и ме потсетуваш да го ценам секој момент. Твојата насмевка ја осветлува секоја просторија во која што си ти, а твоите прегратки го топлат моето срце како ништо друго. Среќен роденден Софиа ќерко моја“, стои во честитката за Софиа.

Фото: Инстаграм/Никола Перевски – Пере

„Со моите пет женски“, напиша Пере во описот на фотографијата, на која позира со сопругата и четирите ќерки – Михаела, Каја, Софиа и Ирис.

Фото: Инстаграм/Никола Перевски – Пере

Како потсетување, Пере има две ќерки од првиот брак со новинарката Александра Спировска – Михаела и Каја. Михаела, која повеќето ја знаат како Миа, тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика.

Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата заедничка ќерка Софиа. Минатата година станаа родители на уште едно девојче, ќерката Ирис.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.

(Видео) Жешкиот танц на Теа Таировиќ ја „полуде“ публиката: Скокајќи боса на сцената, а потоа во костум со реси, ги затресе колковите

Еспресо
Се вчитува....