03:14 - 6 април, 2026

(Фото+видео) Каролина Гочева со доза „рај“ од далечината: Егзотично бегство на Сејшелите со сопругот!

Македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева повторно ги изненади своите следачи со прекрасни фотографии. На Инстаграм, каде што обично е резервирана кога станува збор за интимни моменти, таа сподели дел од атмосферата на својот актуелен одмор.

Гочева заедно со сопругот, уметникот Михаил Корубин, ужива на егзотичните Сејшели. На една од објавите кратко напиша „рај“, додека фотографијата зборува сама за себе – плажа со кристално чиста тиркизна вода, тропско зеленило и мир кој ретко се среќава.

Фото: Скриншот

Во неколку видеа снимени од автомобил, пејачката додаде и порака што асоцира на безгрижност и бегство од секојдневието: „Летото повикува“.

Фото: Скриншот

Ова патување доаѓа по нејзиното неодамнешно откривање на една анегдота од престојот во Јапонија, каде што на крајот на минатата година престојуваше во Токио со сопругот.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....