20:42 - 2 април, 2026

(Фото) Јелена Розга покажа како одмора во Барселона, Нина Бадриќ ѝ прати поздрав

Обожавателите на Јелена Розга се навикнати да ја гледаат својата омилена пејачка во гламурозни и свечени комбинации, во кои секогаш блеска на концерти и јавни настани, па сите беа изненадени од лежерното издание во кое пејачката се фотографираше за време на нејзиниот одмор во Шпанија.

Убавата Хрватка позираше во фармерки и кошула на пруги и напиша: „ Барселона“ покрај фотографијата со Ла Педрера на архитектот Антонио Гауди во позадина.

Фото: Инстаграм/Јелена Розга

„Уживај! Ти го заслужуваш тоа! Гауди + Јела = вид пејзаж што секој го сака!“, „Каква сладост“ „Уживај во Барселона, прекрасен град“, „Педрера и Јелена Розга, многу добра комбинација“, ѝ напишаа фановите на пејачката под оваа фотографија.

Во коментарите ѝ возврати и нејзината колешка Нина Бадриќ, која ѝ напиша: „Мила, уживај“.

Розга има голем број претстојни концерти, па овој одмор ѝ е добредојден за да ги наполни батериите.

Слични објави

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо
Се вчитува....