10:32 - 31 јануари, 2026

(Фото) Иванка Трамп и нејзиното семејство пристигнаа во Венеција за свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

Пред свадбата што многумина ја нарекуваат „настан на годината“, Венеција е подготвена за пристигнувањето на бројни светски ѕвезди и истакнати личности. Меѓу првите гости што пристигнаа во градот на вода се Иванка Трамп со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца.

Семејството Трамп беше снимено како ужива во возење на традиционален венецијански брод, а потоа беа видени како опуштено шетаат низ историскиот центар на градот, привлекувајќи го вниманието на минувачите и медиумите.

Покрај нив, се очекува да пристигнат голем број познати личности за да присуствуваат на луксузната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез. Меѓу најавените гости се Опра Винфри, Орландо Блум, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Барбра Стрејсенд.

Поканети се и многу бизнисмени и политичари. Покана е испратена и до кралицата Ранија Ал-Абдула од Јордан.

Основачот на Амазон, Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез беа принудени да ја преместат својата свадба од центарот на Венеција по протестите. Локациите на тридневната забава никогаш не се официјално објавени, но се знае дека главната прослава требала да се одржи во сабота, 28 јуни во Скуола Гранде дела Мисерикордија. Локален функционер потврди за „Би-Би-Си“ дека ќе се соберат во Арсенале, кој е подалеку од центарот на градот, а активистите се многу среќни што успеале во својот план.

На плоштадот Свети Марко, стои огромен транспарент против Џеф Безос се појави во Венеција, демонстрантите бараат тој да плаќа повеќе даноци.

„Горди сме на ова! Ние сме никој и ништо. Немаме пари, ништо! Ние сме само граѓани кои успеаја да се организираат и да го „иселиме“ еден од најмоќните луѓе во светот од градот“, рече Томасо Качари.

Слични објави

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.
Се вчитува....