18.8 C
Скопје
17:05 - 15 март, 2026

(Фото) Хана Хуљиќ Грашо објави ретка фотографија од малечката ќерка Алба

Хрватската пејачка Хана Хуљиќ Грашо објави ретка фотографија од нејзината двегодишна ќерка Алба на својот инстаграм-профил.

Таа го снимила малото девојче додека си игра со хулахоп, а фотографијата е направена во училиште за странски јазици во Сплит, каде малата Алба учи англиски јазик.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Освен за јазици, Алба веќе покажува талент и за музика, исто како и нејзините родители. Хана неодамна објави нова детска песна, во која се слушаат гласовите на малата Алба, Хана и Петар Грашо.

Хана претходно објасни дека на проектот за детски песни почнала да работи токму поради ќерката Алба.

„Имам бебе кое поради некоја причина почна да пее кога имаше осум месеци, што е навистина чудно“, рече Хана, додавајќи дека Алба била „хипнотизирана од нејзините приспивни песни“.

Да потсетиме, Алба е прво дете на Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо. Таа е родена во јули 2022 година. На крајот на октомври минатата година, парот доби син , кој го нарекоа Тони.

Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминика во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството.

Слични објави

„Ѝ посакувам…“ Поранешната снаа на Зорица Брунцлик проговори за здравјето на пејачката: „Таа е баба на моите деца“

Еспресо

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо
Се вчитува....