06:29 - 18 јануари, 2026

(Фото) „Една е мајка, а повеќе татковци?“: Милан Поповиќ објави скандалозна фотографија, се нижат коментари за поддршка на Северина

Северина Вучковиќ и нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ не ги кријат своите реакции во медиумите, а и на социјалните мрежи, откако на пејачката по вторпат ѝ беше одземено старателството над синот Александар, во корист на таткото.

Северина изнесе бројни детали и осуди против Поповиќ, но и хрватскиот правен систем. По одлуката на Врховниот суд во Загреб, како и големиот притисок од јавноста, Милан Поповиќ даде куса изјава, посочувајќи дека единствената одлука која била донесена е во корист на нивниот малолетен син.

Но, сега реши да ја испровоцира поранешната партнерка, па на својот инстаграм-профил објави фотографија со натпис: „Една е мајка, но има повеќе татковци, нели?“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milan Popovic (@milan8popovic)

Не требаше многу време да се „запалат“ социјалните мрежи, па под фотографијата имаше коментари за поддршка, но и голем број од оние кои ја осудија ваквата објава и дадоа поддршка на Северина.

„Тој е единствен за неа, не за тебе“; „Детето не расте во стомакот на таткото, туку во стомакот на мајката“; „Господине, по оваа изјава дајте ѝ го на мајката нејзиниот единствен син…Мајка е мајка. Вашата изјава е навистина цинична“, беа дел од коментарите.

Да потсетиме, на својот прв настап по оваа судска пресуда, Северина прочита говор во кој ги поддржа сите мајки кои се борат со истите проблеми зборувајќи и за нејзината борба, откако ја испеа нејзината емотивна песна „Роѓено мое“.

„Тие велат дека мора да молчиме за случаите каде што се вклучени деца. И бидете покорни. Упорно и покорно молчев. Другата страна зборуваше, јас немо чекав и верував во хрватскиот правен систем. Да го заштитам детето, ако не јас. Молчев до првиот пат кога ми го одведоа детето. Оттогаш зборувам за неправдата на системот, за организираното киднапирање на деца кога се во прашање богатите или моќните татковци. И нема да престанам.. Ви благодарам за поддршката, никогаш нема да можам да ви се заблагодарам, моја длабока наклонетост“, рече во таа прилика Северина.

Слични објави

„Моќни мажи се обидуваа да ме злоставуваат“: Исповедта на Нина Бадриќ за агонијата низ која минувала

Еспресо

Вистината за најголемиот хит на Индира Радиќ: Митот што со години ја следи песната „Змај“

Еспресо

(Видео) Жежок танц: Теодора Џехверовиќ замеша со колковите и го „запали“ интернетот

Еспресо

Драмата со Реља и Николија не стивнува! Другарка на наводната швалерка на музичарот изнесе шокантни детали

Еспресо

(Видео) Анастасија и Гудељ разменуваат нежности во кафеана: Тој цврсто ја прегрнува, заљубени како првиот ден

Еспресо

Кој е мажот со кого Едита Арадиновиќ чека бебе? Пукале по него, имал проблеми со законот, а денес нашол мир

Еспресо
Се вчитува....