На социјалните мрежи се дигна невидена прашина околу филмот „365 дена“ на Нетфликс.
Полскиот филм кој и покрај лошите критики веднаш се појави на листата на најбараните филмови, преполн е со жешки сцени кои се толку експлицитни што многу од оние што го погледнале имале впечаток дека сцените со секс се реални.
can someone PLEAsE tell me if the sex scenes in #365dni are real??? if not how the hell do you fake that?
— a virgin who can’t drive (@ifeelglittery) June 8, 2020
ARE THE SEX SCENES REAL?? #365dni
— Ose Tony (@Ose__) June 8, 2020
Некои филмот веднаш го споредија со „50 нијанси сива“, кој исто така е снимен според еротски романи.
Филмот ја следи приказната за доминантниот шеф на мафијата Масимо Торичели, кој ја заробува Лаура Биел и и дава една година да се вљуби во него.
И додека многумина веднаш истакнаа дека сцените се поексплицитни отколку во „50 нијанси сива“, некои критикуваа и затоа што „односот се заснова на злоставување“. Некои пишуваа и дека сцените со секс меѓу киднаперот и неговата жртва претставуваат „романтизирање на Стокхолмскиот синдром“.
„365 дена“ е адаптација на истоимената еротска книга на Бланка Липинска.
Лаура е успешна директорка за продажба во луксузен хотел во Полска, додека младиот и згоден Масимо станал водач на сицилијанската мафија по атентатот на неговиот татко. Обидувајќи се да го спаси пропаднатиот брак, Лаура планира роденденско патување на Сицилија, но работите тргнуваат по друга насока кога Масимо ќе ја киднапира и ќе ја држи затворена во неговата вила. Масимо и дава задача – мора да се вљуби во него за 365 дена.
Додека се обидуваат во тоа, се впуштаат во бројни жешки сцени, вклучувајчќи ја и сцената на јахтата која предизвика најмногу реакции.
Филмот засега има оценка 3,8 на ИМДБ, а ни „50 нијанси сива“ не котира многу подобро со рејтингот 4,1.