11:52 - 8 април, 2026

Еве што ќе се случи со новата сезона со „Ѕвездите на Гранд“: Саша Поповиќ нема да се врати во шоуто?

Креативниот директор на „Ѕвездите на Гранд“, Саша Поповиќ, оваа сезона е отсутен од снимањата поради здравствени проблеми, а членовите на жирито избегнуваат да откриваат детали за неговата состојба.

Иако вложува напори за побрзо закрепнување и враќање на своите редовни обврски, според зборовите на еден член од жирито, Поповиќ нема да се појави во оваа сезона на музичкото натпреварување.

Ова, индиректно, го потврди и Цеца Ражнатовиќ.

Таа, меѓу другото, истакна дека таа и нејзините колеги од жирито прават сè за да ја завршат сезоната на најдобар можен начин, и покрај тоа што лидерот на шоуто е отсутен.

Иако до крајот на сезоната остануваат уште четири месеци, сите индиции упатуваат на тоа дека Поповиќ нема да се појави на малите екрани.

„Разговарав со Саша пред два дена. Неговото отсуство е оправдано, а ние сите сме докажани професионалци. Се трудиме да ја завршиме сезоната најдобро што можеме, иако лидерот не е со нас. Се чувствува неговото отсуство, но не можевме да бираме, ситуацијата ни беше наметната. Сепак, ќе се потрудиме да останеме интересни, реални и позитивни за публиката – изјави Цеца во емисијата „Премиера викенд – специјал“.

Таа исто така додаде дека разбира низ што минуваат натпреварувачите, бидејќи и самата на почетоците учествувала на аматерски музички натпревари.

„Јас ги разбирам тие деца. Кога ќе проработи адреналинот, тешко е да се контролираш. Како мајка, знам како им е и ним и на нивните родители. Зошто не би направила некого среќен? Комплексите и фрустрациите се лекуваат кај психијатар“, додаде пејачката.

Слични објави

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova
Се вчитува....