5.8 C
Скопје
00:04 - 17 март, 2026

Ела Дворник за жешката афера со „Мештар“: „Не собира жени како покемони, ниту се фали со тоа…“

Веќе со месеци Ела Дворник предизвикува љубопитност кај своите следбеници на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии со мистериозен маж, внимавајќи неговото лице да остане скриено. Го нарече едноставно – Мештар, и со тоа само ја поттикна уште повеќе јавната љубопитност.

Во саботата, Ела реши да открие нешто повеќе и напиша подолг текст за него. Го опиша како редок и непроценлив човек, стабилен во хаосот, искрен и доследен, оној кој дава сигурност, а не собира „трофеи“.

 

Прашањето кое не им дава мир на нејзините фанови доби привремен одговор преку медиумите. „Загреб инфо“ објави дека мистериозниот маж е всушност загрепскиот рапер Марин Хучиќ, познат под уметничките имиња Гералт од Ривија и ГиР.

Анонимен извор за медиумите изјавил: „Да, вистина е, Ела и Марин се заедно веќе некое време. Тоа е сè што можам да кажам.“

Во меѓувреме, на профилот на Ела се редеа фотографии од Лондон – кафиња, улици, малку шопинг, но следбениците најмногу гледаа во нејзината рака. На прстот ѝ заблеска прстен, па почнаа шпекулации за свршувачка.

Хучиќ, кој кариерата ја започнал како златар, а во музиката влегол средината на 2010-тите, има издадено неколку албуми: „Загреб е Атланта“, „Равно из Ривије“, „Гоат“ и „Тестамент“. Неговите песни имаат повеќе од милион прегледи на „Јутјуб“.

Но, токму кога се чинеше дека мистеријата е решена, Хучиќ објави сторија на својот Инстаграм со дефиницијата на зборот „сингл“, а потоа додаде: „Толку за тоа. Живејте“.

Ова дополнително ги збуни фановите – дали сакаше да каже дека романса нема или пак само фрли „коска“ за љубопитните, остана неодговорено.

На бројните коментари, Ела кратко одговори: „Да се знае, тој не е јавна личност, па не му одговара експонирање. И мислам дека никому не е од животна важност таа информација. Како и да е, никој не гарантира дека ќе остане“.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....