11.8 C
Скопје
23:22 - 27 април, 2025

„Единствено лице кое ја дефинираше годината во целост“: Палома Елсезер, корпулентната манекенка која ја менува модата

Во турбулентната година која замина, познатата модна страница models.com ги објави резултатите од својата традиционална анкета според која титулата најдобра манекенка на годината ја понесе 28-годишната корпулентна манекенка од Велика Британија, Палома Елсезер.

Instagram

Моделс како една од највлијателните веб-страници во модната индустрија оваа недела ги објави резултатите од анкетата во која гласаат луѓето од модната индустрија и јавноста, а тие ја прогласија Палома за најдобра манекенка во годината обележена со пандемија.

Познатата 28-годишна Британка оваа година совршено ја презентираше револуцијата која во последниве години ја одбележа модната индустрија. Палома им пркоси на стандардите за убавина кои модната заедница ја следат со децении, а се однесува на изгледот на манекенките од кои се бара да се неверојатно слаби.

Instagram

Единствено лице кое ја дефинираше годината во целост“ – ја опишаа на страната од „Моделс“ Палома, која и покрај пандемијата оваа година успеа да триумфира на модната сцена.

Таа стана ѕвезда со кампањата за убавина на брендот „Глосиер“, во која го покажа раскошното тело на неретуширани фотографии, беше на модната ревија од брендот на Ријана за долна облека „SavagexFenty“ а неодамна ја имаше на насловната страна од американската модна библија „Вог“.

Слични објави

Цеца ги откри деталите од конфликтот меѓу Вељко и Анастасија: „Тој гореше од љубомора“

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ повторно ја шокира јавноста со својот изглед: Сите гледаат во нејзините нозе!

Еспресо

Весна Ѓогани искрено: „По губењето на бебето западнав во депресија и морав да побарам терапија“

Еспресо

Емина Јаховиќ вознемирена од земјотресите во Турција: „На секои 5 минути, веќе два дена“

Еспресо

Еден од најомилените пејачи денес слави роденден: Саша Матиќ со нов албум го освојува регионот!

Еспресо

(Видео) Сандра Африка се налути на колега: Почна да ме бакнува, луд е!

Еспресо