6.8 C
Скопје
06:08 - 31 март, 2026

Ед Ширан ја доби правната битка за неговиот најголем хит: Пејачот доби отштета од милион евра поради обвинението за плагијат

Англискиот музичар Едвард Кристофер Ширан, попознат како Ед Ширан вчера доби повеќе од милион евра отштета за правните трошоци по успешната битка против автори, кои го обвинија за плагијат.


Случајот во Високиот суд во Лондон го доби 31-годишниот музичар на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

Судот пресуди дека Ширан „ниту намерно ниту свесно“ ја копирал мелодијата на песната Зошто зошто од Сами Чокри и Рос О’Доногју од 2015 година во неговиот хит „Shape of You„, еден од најпродаваните во светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Во дополнителната пресуда, донесена вчера, судијата Антони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.

За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли тврдењата дека мелодијата ја „позајмил“ од непознати композитори, а нивниот адвокат, иако ја призна генијалноста на британскиот пејач, го нарече страчка, мислејќи на птица која често се нарекува крадец.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....