12.8 C
Скопје
11:20 - 16 март, 2026

„Дојде кај мене на работа, веднаш се заљубив“: Огнен Амиџиќ открива нови детали од односот со Мина и што мисли за разликата од 20 години

Познатиот водител Огнен Амиџиќ е во брак со неговата помлада сопруга Мина Наумовиќ, со која го има синот Перун. Во последно интервју, тој откри нови детали за почетоците на нивната врска и призна дека се заљубил во Мина уште на прв поглед.

„Почна да работи кај мене, ми ја препорача кума ми и добра пријателка, ми рече дека има една девојка која е фантастична во секој поглед. Имаше понуди од повеќе страни, но така се запознавме. Мина веднаш ме воодушеви – размислува многу брзо. И кога дојде, ѝ реков дека немаме често нови лица кај нас што знаат толку добро да фаќаат фора и веднаш да реагираат,“ раскажа Амиџиќ.

Потоа додаде:

„Со изгледот ме освои уште од првиот момент. Реков дека никогаш во животот не сум видел жена која изгледа така, и тоа во живо. Бев вчудоневиден. Може да се каже дека се заљубив веднаш. Кога сфатив дека сè е природно – останав без збор.“

Иако Огнен е речиси дваесет години постар од Мина, вели дека возраста не им претставува проблем.

„Додека се запознававме, сфатив каква личност е – како да се знаеме цел живот. Иако имаме голема разлика во години, навистина сме многу слични,“ изјави тој во емисијата „Из профила“.

Слични објави

(Видео) Рада Манојловиќ ужива со новиот дечко: Тој е во зрели години, истетовиран и зад себе има еден брак

Еспресо

(Фото) Блага Петреска со емотивен спомен за близок човек кој веќе не е меѓу нас

msp-admin

Момче од Македонија секоја година доаѓа на гробот на Ксенија Пајчин во Белград

msp-admin

Мојот живот доби вистинска смисла: Лична приказна на Адријана Алачки

msp-admin

(Видео) Длабоко деколте и мини: Џина Џиновиќ го прослави роденденот, ќе се зачудите колку години наполни!

Еспресо

Хороскоп за 16 март: Стрелци, фокусирајте се на оптимизмот и ќе доживеете прекрасни љубовни моменти

Еспресо
Се вчитува....